Skip to main content
Хроника

Тригодишно дете од Штип се затруло од апчиња

12/03/2026  13:34

Тригодишно дете од Штип вчера е хоспитализирано во Клиничка болница-Штип на одделот за Педијатрија, а по извршените испитувања е констатирано дека има присуство на „бензодиезепами“, соопшти СВР-Штип.

„Вчера во 18.18 часот во СВР-Штип е пријавено дека на Детското одделение при Клиничка болница Штип во 11.47 часот на детското одделение дошла 24 годишната Н.С. од Штип со нејзиното тригодишно дете, кое било затруено. По извршени испитувања е констатирано дека кај детето има присуство на „бензодиезепами“ и ќе биде задржано на опсервација. Известен е Центарот за социјални работи-Штип и се преземаат мерки за расчистување на случајот“ информираат од СВР Штип.