
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека САД ја „добиле“ војната со Иран, но дека ќе продолжат со воените операции сè додека работата не биде целосно завршена, пренесува Анадолу.
„Нема да си заминеме додека не се заврши таа работа. А тоа ќе биде многу наскоро. Ќе биде многу наскоро“, рече Трамп на настан во државата Кентаки.
Регионалните тензии ескалираа од 28 февруари, кога САД и Израел започнаа заеднички напад врз Иран во кој загинаа повеќе од 1.300 луѓе, вклучувајќи го и поранешниот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи.
Трамп: САД онеспособија 58 ирански воени бродови
Трамп рече дека САД „онеспособиле“ 58 ирански воени бродови. Американскиот претседател, исто така, тврдеше дека операцијата веќе постигнала голем успех, но предупреди дека не сака прерано да прогласи победа.
„Победивме. Дозволете ми да ви кажам, победивме. Знаете, никогаш не сакате прерано да кажете дека сте победиле. Победивме. Го добивме облогот – во првиот час сè беше готово“, рече тој.
Тој повтори дека САД направиле „екскурзија”
„Дали знаете што значи екскурзија? Моравме да одиме на мала екскурзија за да се ослободиме од некои зли, многу зли луѓе. Требаше да се направи пред 47 години. Тие ги убиваа нашите луѓе“, рече Трамп, додавајќи дека Иран е „целосно подготвен“.
„Тие се многу силни, знаете. Ќе се обидат да го освојат целиот Блиски Исток. Ќе го уништат Израел. Не знаат што ги снашло, нели? Не знаат дека биле погодени од американската војска… Не очекувале нешто вакво“, рече тој.

