Skip to main content
Македонија

Пендаровски: Нападот врз Иран го извади на виделина аматеризмот на македонската надворешна политика

10/03/2026  20:21

Нападот врз Иран, според поранешниот македонски претседател Пендаровски, го извадил на виделина аматеризмот на македонската надворешна политика. Вели дека тоа е поради безрезервната поддршка која нашите власти им ја даваат на американската администрација и на секој нејзин потег.

„Тоа е поразителен факт“, вели Пендаровски во интервју за БИРН. Тој вели дека не само што една мала држава како Македонија може, туку е и нужно да одигра поинаку.

Поранешниот претседател вели дека Македонија била првата држава во регионот и пошироко, која најрано ја поддржа интервенцијата, многу пред Еди Рама и Александар Вучиќ, кои имаат далеку подобри односи со американскиот претседател Доналд Трамп и со неговата администрација.

„Кога е очигледно дека во истата алијанса има два пола што не се согласуваат, мала држава не смее да го избере само едниот. По дефиниција, тоа е ризично однесување“, вели Пендаровски.

За интервенцијата на САД во Иран, Пендаровски вели дека „освен што е непотребна, е и најлошо подготвената американска интервенција во последниве 100 години“. Воедно, нападот според него претставува геополитички преседан, не поради игнорирањето на меѓународното право, што се случувалo и порано, туку зашто САД под Трамп за првпат ги заобиколија НАТО-партнерите.