
Пазарниот инспекторат не констатираше намерно прикривање на залихите на нафта и бензин по извршените над 300 надзори во изминатите неколку дена.
Директорот Влатко Стојкоски појасни дека кај триесетина бензински станици бил забележан привремен прекин во работата, но тоа се должело на целосно истрошени залихи, по што точењето продолжувало веднаш по новото танкирање на резервоарите, објави 4news.mk
Истовремено, инспекторатот најави нов оперативен план кој од денеска стапува на сила, со фокус на контрола на трговците, дистрибутерите и увозниците на храна.
Целта е да се следат профитните маржи и да се спречи неосновано поскапување на основните прехранбени производи во услови на глобална криза. Од Управата за јавни приходи (УЈП) истакнаа дека се подготвени оперативно да ги спроведат сите евентуални владини мерки за даночни олеснувања на енергенсите, доколку се донесе таква одлука на државно ниво.

