Skip to main content
Македонија

Ненад Савески е предлогот на Владата за нов државен обвинител

10/03/2026  13:55

Владата на денешната седница го усвоила предлогот судијата Ненад Савески да биде нов државен јавен обвинител, објавија повеќе медиуми.

Савески е поранешен обвинител, а сега во Кривичниот суд ги суди случаите од организиран криминал и корупција.

Официјално соопштение за предлогот на Владата сѐ уште нема.

Предлогот на Владата ќе треба да оди во Собранието, каде за избор на Савески треба да гласаат најмалку 61 пратеници.

За оваа позиција се пријавија пет кандидати, а Советот на јавни обвинители даде позитивно мислење за четворица од нив: Анита Тополова-Исајловска (сегашна вршителка на должност), Ленче Ристоска, Лидија Раичевиќ и судијата Ненад Савески.