Skip to main content
Скопје

Камениот мост ќе заблеска во ново светло

06/03/2026  19:20

Денеска се одржа средба меѓу Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и делегација од турската Општина Есенлер и раководството на Халкбанк АД Скопје, на која беше потпишан Протокол за пријателство и соработка за реализација на проектот за декоративно и архитектонско осветлување на Камениот мост.

Проектот предвидува поставување современо LED осветлување кое ќе биде внимателно усогласено со архитектонските карактеристики на мостот, со цел да се истакне неговата историска и културна вредност.

Со новото осветлување, Камениот мост кој е еден од најзначајните симболи на Скопје ќе добие нова естетска димензија и дополнително ќе го збогати ноќниот изглед на градот.