
Дел од Карпош и Центар утре ќе бидат без струја. Без електрична енергија ќе останат како резултат на планирани технички зафати на електродистрибутивната мрежа.
Во Центар, без струја ќе бидат корисниците од делови на улиците „Мирослав Крлежа“, „Наум Наумовски Борче“, „Антоние Грубишиќ“ и „Орце Николов“. Прекинот е најавен во периодот од 08:00 до 16:00 часот.
Во Карпош, пак, прекин на снабдувањето со електрична енергија ќе има кај корисниците на улицата „Миле Поп Јорданов“, во близина на хотел „Гранит“. Таму прекинот ќе трае од 09:00 до 14:00 часот.


