Skip to main content
Свет

Британија испраќа борбени авиони во Катар 

05/03/2026  20:34

Велика Британија ќе распореди дополнителни четири борбени авиони од типот Eurofighter Typhoon во Катар. На тој начин сакаат да се осигура стабилноста на Персискиот Залив и да се поддржат сојузничките одбранбени операции во регионот.

Овој потег доаѓа како дополнување на веќе стационираната 12-та ескадрила на Кралските воздухопловни сили (RAF), која од јануари дејствува во Катар на барање на тамошните власти.

Лондон започна и масовна операција за извлекување на своите граѓани.Првиот владин чартер-лет за евакуација веќе полета од Оман, а веќе и над 4.000 британски државјани веќе се вратија дома преку комерцијални летови од Обединетите Арапски Емирати.