Skip to main content
Македонија

Министерството за економија ја „спакува“ новогодишната кошничка

26/11/2024  17:18

На почетокот на декември ќе се знае кои производи ќе влезат во т.н. новогодишната потрошувачка кошничка, што ја подготвува Министерството за економија, најавува Заменик министерот Марјан Ристески, информира Канал 5.

Вели дека списокот ќе биде надополнет со нови, сезонски производи при што граѓаните треба да очекуваат повеќе стотини производи со пониски цени.

Ристески не сакаше да ги открие сите детали, но најави дека станува збор за поразличен пристап во однос на намалувањето на цените, во однос на есенската кошничка, но без да прецизира каков..

Есенската кошничка која опфаќаше стотина производи беше со органичувачка маржа од 10%, но дел од еконмски аналитичари, а и граѓаните оценуваа дека не ги дала очекувани ефекти..

Ристески вели дека биле направени детални анализи во кои се разгледувале пропустите од есенската кошничка, но сепак смета дека била позитивна.

Во подготовката на новогодишната кошничка Ристески вели дека биле вклучени стопанските комори, синдикатите и Асоцијацијата за заштита на потрошувачите, а деталите се очекува да бидат соопштени на прес конференција следната недела.