Skip to main content
Хроника

Превезувал украдени дрва со нерегистрирано возило, без возачка, не застанал на знак од полицијата и поминал на црвено

02/03/2026  14:52

На 01.03.2026 во 22:10 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода В.Ј.(38) од село Дреново, кавадаречко.

Претходно, тој управувајќи патничко возило „лада” со кавадаречки регистарски ознаки, во кое сопатник бил М.И.(25) од село Возарци и уште едно лице, а во кое превезувал и огревно дрво, на крстосница од булевар „Македонија” и „Никола Минчев” во Кавадарци, не застанал на знак за запирање, продолжил со движење и на крстосница од улиците „Гоце Делчев” и „Цветан Димов” во Кавадарци поминал на црвено светло на семафор.

По преземени мерки, полициските службеници ги пронашле возачот и возилото во село Возарци и по извршена контрола било констатирано дека возилото било нерегистрирано, В.Ј. го управувал пред да се стекне со право за управување од „Б” категорија и поминал на црвено светло на семафор.

Дрвата, кои биле без соодветна документација, со потврда биле одземени и предадени на шумска полиција.

Со сопатникот М.И. бил извршен службен разговор, а по насоки на јавен обвинител В.Ј. бил приведен во полициска станица, возилото било привремено одземено и по документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави.