Skip to main content
Македонија

„Стави појас” – превентивна активност на СВР Тетово

01/03/2026  17:35

Денеска (01.03.2026) полициски службеници од Отсекот за превенција и ПС БПС Тетово при СВР Тетово, на автопатот Тетово – Скопје, на наплатната рампа во с.Желино, реализираа превентивна активност на тема „Стави појас“. Преку непосредна комуникација, на граѓаните им беше потенцирана обврската за задолжително користење на сигурносен појас во возилата, но и за доследно почитување на сите сообраќајни правила и прописи.