
Метео анализа на Славчо Попоски:
Најновото ажурирање на прогностичките материјали укажуваат на тоа дека пролетта оваа година ќе ја почувствуваме уште од овој месец кој очекувам да биде малку потопол од 30 годишниот просек, и тоа потопол за еден степен од 30 годишниот просек. Тоа значи дека повторно и оваа година очекувам порано будење на природата со оглед на тоа дека ќе имаме температури над просекот за овој период од годината и стабилно и суво време со многу сонце.
Што се однесува пак до врнежите, тие ќе бидат околу или малку под просекот што значи дека март месец оваа година ќе биде малку постабилен и посув месец но тоа не значи дека не треба да очекуваме повремени врнежливи периоди и нестабилно време.
Деновиве пак температурите особено во Повардарието и во југоисточните предели ќе се искачат и до 20 степени.
Да напоменам дека поради тоа што се работи за месечна метео анализа, промени во истата се можни па затоа граѓаните најдобро би било да се фокусираат на моите по краткорочни метео анализи кои се далеку попрецизни и со веројатност за остварување поголема од 90%.

