
Иран се подготвува да возврати по утринските напади на Израел и САД, изјави официјален претставник од Техеран за новинската агенција Ројтерс.
Службеникот изјави за агенцијата дека „одговорот ќе биде катастрофален“.
Не е јасно што конкретно значи ова или кои цели би можел да ги таргетира Иран.
Израел во саботата објави дека започнал превентивен напад врз Иран, туркајќи го Блискиот Исток во нов воен конфликт и дополнително намалувајќи ги надежите за дипломатско решение на долготрајниот нуклеарен спор на Техеран со Западот, јавуваат светските агенции. САД учествуваат во нападите, потврдија американски претставници.
Израелската влада прогласи вонредна состојба поради очекуваната иранска одмазда со беспилотни летала и балистички ракети.

