Skip to main content
Свет

 Меланија Трамп во понеделник ќе претседава со Советот за безбедност на ОН

26/02/2026  17:52

Меланија Трамп на 2 март, ќе претседава со состанокот на Советот за безбедност на Обединетите нации, кога САД официјално ќе го преземат едномесечното ротирачко претседателство со ова тело на светската организација.

Меланија Трамп на состанокот ќе го нагласи образованието како начин за промовирање на толеранцијата и светскиот мир,нагласуваат од Белата куќа.

Тоа ќе биде прв пат прва дама на САД да претседава со телото од 15 члена, објави денеска канцеларијата на сопругата на американскиот претседател во соопштение.