Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, преку објава на социјалните мрежи упати критики за работата на актуелната локална власт, оценувајќи дека во изминатите 100 дена недостасуваат конкретни резултати и реализирани проекти.
Во својот фејсбук статус, Јакимовски наведува дека доколку победел на локалните избори, наместо да се бројат денови од мандатот, граѓаните веќе ќе сведочеле на завршени инфраструктурни и образовни проекти низ општината.
Тој посочува дека градинката „Мајски Цвет“ во Тафталиџе 1, според неговите планови, досега ќе била ставена во функција, додека градинката „Пролет“ кај населбата Канела ќе се наоѓала во завршна фаза, со можност децата да добијат нов простор уште на 1 мај.
Јакимовски во објавата наведува и дека спортската сала во основното училиште „Димов Хаџи Димов“ веќе ќе била отворена, а повеќе улици во Карпош – меѓу кои Петар Чаулев, Софиска, Џумајска, Јуриј Гагарин, Загребска, Атинска, Бранислав Нушиќ и Трифун Бузев – ќе биле целосно реконструирани.
Дополнително, тој тврди дека ќе биле решени канализациските проблеми во Бардовци и на улицата Ловќенска, како и безбедносните прашања поврзани со потпорниот ѕид на улицата Загребска. Според него, проектите за изградба на катни гаражи во Карпош 1 и Карпош 2 веќе ќе биле подготвени со распишани тендери.
„Не е прашањето во деновите, туку во посветеноста. Кој знае – прави. Кој не знае – брои“, напиша Јакимовски, додавајќи дека начинот на кој започнале првите 100 дена од мандатот ќе го одреди и текот на наредниот период.
Неговата објава предизвика реакции на социјалните мрежи, каде дел од граѓаните ја поддржаа критиката, додека други побараа конкретни споредби со реализирани проекти од претходниот мандат.