
По лажните дојави за поставени бомби воТетово, Назми Даути од Секторот за јавни дејности при Општина Тетово, на денешната прес-конференција порача дека наставата веќе нема автоматски да се прекинува за целиот ден.
Главната промена во протоколот се однесува на движењето на учениците и наставниот кадар по евакуацијата.Наместо учениците веднаш да заминат дома, тие ќе мора да ги чекаат официјалните инструкции на терен.
Евакуација во дворот: По добиена дојава, МВР ќе спроведе евакуација на објектот, но учениците и професорите остануваат во надворешните простори на училиштето.
Одлука по проверка: Наставата ќе продолжи веднаш штом полицијата и Општината ќе потврдат дека објектот е безбеден.
Без паника: Надлежните апелираат на смиреност, нагласувајќи дека нема потреба од прекин на образовниот процес доколку се утврди дека дојавата е лажна.
Барања до МВР и безбедносни мерки
Општина Тетово веќе упатила неколку клучни барања до Секторот за внатрешни работи (СВР) со цел да се врати чувството на безбедност кај родителите и децата:
Зголемено полициско присуство пред сите основни и средни училишта, објави 4news.mk Брза и транспарентна истрага за откривање на сторителите зад лажните дојави. Директна комуникација помеѓу полицијата, Општината и директорите на училиштата за навремено информирање на јавноста. Надлежности и тековна состојба Иако Општината е во постојан контакт со релевантните институции, Даути појасни дека идентификувањето на хакерите или поединците кои ги испраќаат заканите е исклучива надлежност на МВР.
Дојавите за бомби се лажни.

