Skip to main content
Хроника

Синоќа опожарен автомобил и во скопски Аеродром

22/02/2026  14:19

На 22.02.2026 година во 04.37 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Општина Аеродром настанал пожар на патничко моторно возило „опел” со скопски регистарски ознаки сопственост на Ѓ.А.(48) од Скопје.

Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. За случајот е запознаен јавен обвинител, увид е извршен од страна на екипа на СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на  случајот.