
Синоќа во Струмица избувна пожар во кој целосно беше зафатен џип „Range Rover“, паркиран зад „Жито маркет“, во близина на поранешниот објект „Симпо“.
Според информациите, огнената стихија брзо се проширила и оштетила уште едно возило кое било паркирано во непосредна близина.
Екипите на Територијалната противпожарна единица навремено интервенирале и успеале да го локализираат и изгаснат пожарот, со што било спречено негово понатамошно ширење и предизвикување поголема материјална штета во околината.
Според неофицијални информации, опожареното возило било во сопственост на поранешен инспектор за наркотици.
Надлежните институции извршиле увид на местото на настанот, а во тек е истрага за утврдување на причините за избувнување на пожарот.
Детални информации се очекуваат по завршување на истрагата.


