Детектор анкета: Половина од граѓаните сметаат дека меѓународната заедница треба да ни ги
избира судиите и да биде вклучена во судските процеси

Половина од граѓаните сметаат дека Меѓународната заедница треба да биде вклучена во
процесот на избор на судии и обвинители, покажува последното истражување на јавното
мислење кое за #Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според него, 47,8% од граѓаните сметаат дека Меѓународната заедница треба да биде вклучена
во процесот на избор на судии и обвинители додека 36,1% сметаат дека не треба. Според
етничката структура и Македонците и Албанците во мнозинство сметаат дека меѓународната
заедница треба да биде вклучена во процесот на избор на судии и обвинители, со таа разлика
што кај етничките Албанци потребата ја истакнуваат 62,4% а кај Македонците 42,7%.
50,9% од анкетираните се на ставот дека во одредени судски процеси од висок профил треба да
бидат вклучени и обвинители од странство, додека 35,1% сметаат дека не треба. Разликата во
ставовите според етничката структура на анкетираните и тука е идентична како и на претходното
прашање.

Над три четвртини од граѓаните или 78,6% сметаат дека треба да се направи ветинг во судството,
односно да се провери имотната состојба на судиите заедно со судските случаи во кои биле
вклучени под мониторинг на меѓународната заедница. Само 10,7% сметаат дека ветинг на
судиите не е потребен. Деталната анализа покажува дека околу 82% од вработените во
приватниот сектор и оние кои што се самовработени како и земјоделците поддржуваат ветинг во
судството додека овој процент кај вработените во јавниот сектор се спушта на 77,%, а најнизок е кај студентите, 75%.

Граѓаните во мнозинство бараат странски експерти и во Антикорупциската комисија. 53,2%
сметаат дека со цел да се зајакне нејзиното влијание странски експерти треба да бидат вклучени
во Антикорупциската комисија додека 31,2% сметаат дека не треба.
Тука Македонците и етничките Албанци имаат речи си дијаметрално спротивни ставови. Додека
50,9% од етничките Македонци сметаат дека не ни требаат странци во Антикорупциска, дури
60,9% етнички Албанци се убедени во спротивното.
Граѓаните се прилично поделени по прашањето дали почетокот на преговорите со ЕУ ќе
придонесе за поефикасно справување со корупцијата. Тенко мнозинство од 43,5% сметаат дека ќе
придонесе додека 41,1% сметаат дека нема.
Мнозинството од анкетираните сметаат дека заложбите на САД за борбата против корупцијата
нема да придонесат за нејзино намалување. Ваков став делат 46% од анкетираните додека 38,7%
сметаат дека заложбите на САД ќе ни донесат пониска корупција.
Најголем дел од нив се етнички Албанци. Меѓу нив дури 57,8% сметаат дека заложбите на САД за
борба против корупцијата ќе придонесат за нејзино намалување што е дијаметрално спротивно
од 52,1% Македонци кои сметаат дека заложбите на САД нема да ни помогнат за намалување на
корупцијата.
Слични се ставовите и на прашањето дали најавената американска црна листа на функционери
поврзани со корупција ќе има влијание врз нивното однесување. 43,5% од граѓаните сметаат дека
влијание нема да има, додека 38,2% дека ќе има некакво влијание.
И тука анализата на анкетата според етничката структура на анкетирани покажува дека етничките
Албанци во огромно мнозинство од 60,9% сметаат дека американската црна листа ќе има
влијание врз функционерите додека 50,9% Македонци сметаат дека таа нема да има никакво
влијание на нивното однесување.
Истражувањето на јавното мислење за Детектор го спроведе Институтот за политички
истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1115 испитаници во периодот од 01 до 04
февруари оваа година

Треба да знаете
Последни објави