Skip to main content
Македонија

Сообраќајот на патот Виница – Берово е во целосен прекин поради протест

20/02/2026  16:26

Автомото сојузот на Македонија попладнево информира за ненадеен прекин на сообраќајот на регионалниот патен правец 1304, кој ги поврзува Виница и Берово.

Според официјалните информации, од 14:52 часот патот е целосно затворен во двата правци. Причината за блокадата е протест на група граѓани.

Жителите на село Блатец го блокираа регионалниот пат Виница – Берово, како револт против најавите за изградба на хидроцентрала на реката Блатешница.