
Неготинка била измамена од лице кое се претставило како лекар за три илјади евра.
– Синоќа во 17:15 часот во ОВР Неготино, 81-годишна неготинка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 3.000 евра. Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка во моментот е во болница со скршеница и треба да се изврши оперативен зафат за што требало да плати. Како што е пријавено, таа ги оставила парите на договореното место, а подоцна сфатила дека е измамена, соопштија од СВР – Велес.
Се преземале мерки за расчистување на настанот.

