Skip to main content
Спорт

ЗОИ 2026: Учениците од Онтарио ослободени од настава кога играат хокеарите на Канада

19/02/2026  17:48

Даг Форд, гувернер на Онтарио, најголемата канадска покраина, им дозволи на локалните ученици да отсуствуваат од училиште за да ги гледаат канадските национални хокеарски тимови кога играат на Олимписките игри во Италија.

– За да се осигурам дека сите можат да го доживеат духот на Игрите, му наложив на регионалниот министер за образование да им дозволи на сите ученици во Онтарио да ги гледаат преостанатите натпревари на канадските национални хокеарски тимови што се во текот на училишното време, изјави Форд за „CTV“.

Милано е во шест часовна разлика од Онтарио, покраината каде што се наоѓаат Отава и Торонто.

Вечер од 19:10 часот по македонско време, женската репрезентација на Канада ќе игра против Соединетите Американски Држави во финалето на ЗОИ 2026.

Машката репрезентација утре (20 февруари) ќе игра против Финска во полуфиналето.