
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Л.Р.(25) од струшката населба Тефериќ, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање лажен исказ”.
Тој, во отсек за Управни работи, лажно пријавил изгубена возачка дозвола, иако имал активна забрана за управување на моторно возило, и поднел барање за издавање нова возачка дозвола.


