
Метео анализа на Славчо Попоски:
Во текот на ноќта четврток кон петок и во петок 20 февруари 2026 особено претпладнето под влијание на нов поголем влажен бран од Медитеранот во Македонија ќе има нови врнежи од дожд а на планините и повисоките места со надморска височина од над 1000 метри и особено во западните предели ќе има врнежи од снег со што ќе дојде до зголемување на снежната покривка на планините и на Скијачките центри.
Пообилни врнежите ќе бидат повторно во западните предели каде локално ќе наврнат нови до околу 20 до 25 литри на метар квадратен воден талог. Повремено ќе дува засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.
И во Скопје и околината во погоре споменатиот период ќе има врнежи од дожд а повремено ќе дува засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.
Во петок на 20 февруари 2026 во попладневните часови врнежите полека ќе престануваат а температурите ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 9 степени а во Скопје и околината таа ќе се искачи до околу 6 степени.

