Skip to main content
Магазин

Муслиманските верници влегуваат во месецот на постот 

18/02/2026  23:16

Вечерва започнува светиот месец Рамазан, период на пост, молитва и духовна посветеност за муслиманските верници. Со извршувањето на првата таравија молитва се означува почетокот на рамазанските денови, додека утре е првиот ден од постот.

Рамазан ќе трае 29 дена, а верниците во овој период се воздржуваат од храна и пијалаци од изгрејсонце до зајдисонце, посветувајќи се на молитва и хуманост.

Крајот на постот ќе биде одбележан со празникот Фитр Бајрам, кој годинава се слави на 20 март.