Skip to main content
Македонија

Инцидент во АРМ: Војници се тепале на полигонот Криволак

18/02/2026  08:51

Инцидент се случил вчера за време на армиска вежба на полигонот „Пенуш“ во рамки на армискиот полигон Криволак, дознава 24инфо.мк.

Имено, до нашата редакција пристигнаа информации од сведоци дека дошло до физичка пресметка помеѓу припадници на Армијата.

Според пишувањата на сведоците, до тепачката дошло кога еден од надредените удрил еден од војниците, по што настанала мешаница на полигонот.

Според нив, веќе извесен период постои грубо однесување од надредените, а односите меѓу војниците веќе не се на колегијално ниво.

24инфо.мк испрати прашања до Генералштабот на Армијата дали ваков инцидент се има случено и ако да, какви мерки се преземени кон учесниците во него, но до овој момент немаме добиено одговор.

Армијата претходно во фокусот на јавноста се најде со слуачите на шуга која се појави во касарната во Велес, по што следуваше и реакција од Независниот синдикат на професионалните војници кој алармираше на лошите услови за работа и живот на војниците.