
Од 07.50 часот е укината забраната за сообракај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот превој Стража, што беше воведена поради врнежи од снег, информира ЈП Македонија пат.
Укината е и забраната за сообракај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово-Дебар.
На Попова Шапка се уште е активна забраната за автобуси.

