Skip to main content
Хроника

(Фото) Пожар во Кисела Вода: Автомобил изгоре меѓу згради кај Расадник

15/02/2026  16:09

Пожар избувна попладнево во скопската населба Кисела Вода, во близина на населбата Расадник, каде се запали патничко возило меѓу станбени згради.

Според првичните информации, огнот зафатил автомобил паркиран во близина на објектите, по што на терен веднаш излегле екипи на Противпожарната бригада и полициски службеници од МВР.

Во моментов се преземаат мерки за локализирање на пожарот и обезбедување на просторот, а повеќе информации за причините и евентуалната штета се очекуваат по завршување на увидот.