Skip to main content
Македонија

Втор ден Минхенска безбедносна конференција: Мицкоски ќе има средба со Зеленски

14/02/2026  16:59

Премиерот Мицкоски на социјалните мрежи сподели видео од вториот ден на Минхенската безбедносна конференција.

– Вториот ден од 62-та Минхенска безбедносна конференција. Денот го започнавме на средба со Тед Дојч, инаку претседател на американско-еврејскиот комитет, средба на којашто разговаравме за глобалните безбедносни предизвици, но и мирот којшто секогаш треба да претставува наша цел кон којашто како политичари треба да се стремиме.

Веднаш потоа присуствував на исклучително инспиративното обраќање на американскиот државен секретар Марко Рубио, обраќање на коешто тој уште еднаш потенцираше за глобалните светски предизвици пред сè безбедносни но и она коешто за него е особено важно, а и она коешто беше особено важно неговото обраќање, а тоа е нераскинливата врска помеѓу Европа како континент и Америка како континент или да бидам попрецизен како што ја нарече Америка дете на Европа. 

Она коешто тој го порача и беше главна порака е дека како партнери и како пријатели треба да продолжиме да соработуваме во светот и не само во рамките на НАТО Алијансата туку и заедно да ги решаваме сите оние безбедносни предизвици, но и економските предизвици кои се исправени пред нас како два различни континенти, Европа и Америка.

Понатаму продолживме на билатерална средба заедно со холандскиот премиер. 

На средбата разговаравме за 3 важни работи за нас како држава.

Првата се наоѓаме во истата конституенца заедно со Холандија во Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд. Под два тоа се холандските инвестиции во Македонија, но и соработката со мултинационалната компанија „Филипс“, и можноста за соработка во здравствениот сектор. И трета тема којашто ја разговаравме евроинтегративните процеси на Македонија во рамките на Европската Унија.

Денот го продолжуваме со други средби и други состаноци. Една од тие средби ќе биде и средба со претседателот на Украина, Зеленски, потоа амбасадорот Гренел, исто така и претставникот на финансиската групација „Голдман Сакс“.

Следете не продолжуваме со убави вести, продолжуваме со пријатни изненадувања за македонските граѓани и за Македонија. – вели Мицкоски во видеото.