Skip to main content
Македонија

На 73 години почина владиката Тимотеј

25/11/2024  14:20

Дебарско- кичевскиот митрополит Тимотеј, починал денеска во болница. Неколку дена бил на болничко лекување поради проблеми со срцето.

Владиката Тимотеј долги години имаше срцеви проблеми, а во 2013 година доживеа полесен инфаркт на синодската седница. Покрај тоа што беше митрополит, беше и синодски портпарол.

Роден е во 1951 година во Младо Нагоричане, кумановско, со световно име Славе Јовановски.

За архиереј на МПЦ-ОА е избран во 1981 година.