Skip to main content
Македонија

Сообраќајот во земјава се одвива по влажни коловози

11/02/2026  19:05

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови и по влажни коловози. На патниот правец Куманово – Скопје кај клучка Хиподром воведена е девијација поради сообраќајна незгода.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Во сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата.