Skip to main content
Свет

Зеленски: Безбедноста е приоритет додека Русија продолжува со напади врз Украина

11/02/2026  17:56

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неодамнешните руски напади врз Украина покажуваат дека безбедносните прашања во моментов се клучен приоритет за Киев и дека сите други прашања мора да се разгледуваат заедно со нив.

„Додека Русија продолжува да убива луѓе и да ја уништува нашата инфраструктура, нема да има доволно јавна доверба дури ниту во активната дипломатија“, напиша Зеленски на Икс.