Skip to main content
Македонија

Владата се пофали со реконструкција на улица од 247 метри во Свети Николе

11/02/2026  11:51

Владата на Република Македонија на својот Фејсбук профил се пофали дека со владини пари реконстуирана е улица во Свети Николе.

Станува збор за улицата „Григор Прличев“ во должина од 247 метри која добила нов асфалт.

„Овој зафат значи побезбедно, поудобно и поефикасно секојдневно движење за жителите, како и подобрена урбана слика на околината. Инвестицијата од 3.219.025 денари е обезбедена од Владата, преку Министерството за транспорт“ се наведува во објавата на Владата.