Skip to main content
Македонија

Намалена видливост поради магла на Плетвар и Стража

10/02/2026  18:24

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Слаби врнежи од снег се забележани само на Попова Шапка, без задржување на коловозот, додека, магла со намалена видливост до 150 метри е присутна на планинските премини Плетвар и Стража, соопштуваат од ЈП Македонијапат.

Оттаму дополнуваат дека сите патни правци во државата се проодни, а на одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.