
Сојузот на синдикати на Македонија утрово од 9.00 часот ги блокираше приодите кон Собранието.
Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, утрово пред Собранието ги критикуваше пратениците за тоа што две години го блокираат предлогот на синдикатот за зголемување на минималната плата и сите работнички плати за најмалку 6.000 денари.
Трендафилов најави мирна блокада на две локации, која ќе трае до почетокот на седницата закажана за 11 часот, со цел пратениците да не можат да пристигнат до своите возила и да мора да користат пеш или јавен превоз.
„Голем дел од пратениците рано утрово дојдоа пред 9 часот за да избегнат средба со работниците. Се срамат од своите гласачи затоа што одбиваат да ја зголемат платата, а во исто време нивните плати ќе се зголемат за 12,6%“, рече Трендафилов.


