
На борилиштата во северна Италија вчера заврши третиот натпреварувачки ден на Зимските олимписки игри во Милано Кортина.
На листата на најуспешни нации во освоени медали на врвот на Норвешка со три злата, едно сребро и две бронзи.
Со исто толку златни, но еден бронзен медал помалку, зад неа е Швајцарија, додека на третото место е Јапонија со две злата.
Златни медали имаат освоени уште и САД, Германија, Италија, Холандија, Австрија, Чешка и Шведска.
Медали на ЗОИ досега имаат освоено вкупно 18 нации.
Денес, на четвртиот ден од Игрите, медали ќе бидат поделени уште во неколку спортски дисциплини.

