Skip to main content
Свет

Жителите на Киев останаа 20 часа без струја на -20 степени

09/02/2026  21:16

Поради постојаните руски напади врз енергетската инфраструктура, жителите на Киев на -20 целзиусови степени остануваат и по 20 часа.

„Во мојот дел од градот сме без струја околу 20 часа дневно и имаме само четири часа електрична енергија. Имаме само ладна вода и слабо греење. Тоа е сè што имаме“, изјави професорот на Институтот за меѓународни односи во Киев, Максим Камењецки, додавајќи дека во некои домови температурата не надминува 5 степени.

И покрај ваквите екстремни услови, тој нагласува дека желбата за отпор кај населението не стивнува. Според него, социолошките анкети потврдуваат дека меѓу 60 и 70 проценти од граѓаните се категорично против капитулација на Украина.

Руските сили постојано ги менуваат методите на напад, комбинирајќи дронови, балистички и крстосувачки ракети за да го скршат енергетскиот систем, додека Украина возвраќа со слични таргети врз руската инфраструктура.

Професорот се осврна и на компликуваните односи со Будимпешта, посочувајќи дека унгарскиот премиер Виктор Орбан ги користи историските комплекси за внатрешно-политички поени.

„Унгарија долго време нема пријателски однос со Украина. Орбан го користи историскиот комплекс за да се прикаже како заштитник на унгарските интереси“, смета Камењецки.

Во однос на дипломатските напори, професорот истакна дека преговорите во Абу Даби носат резултати само за хуманитарни прашања како размената на заробеници, додека суштинскиот договор за териториите и понатаму изгледа далечен.