Skip to main content
Балкан

Нацистички симболи се појавија во сала во Риека

09/02/2026  20:48

Нацистички СС симболи и свастики се појавија на салата ,,Динко Лукаровиќ” во Козала,Риека. Графитите се појавиле и надвор и внатре, таму каде што тренираат деца и млади.

 Полициска управа Приморје-Горски Котар потврдила дека дејствува според овластувањата. Во моментот не е утврдено кој ги направил графитите ниту кога точно биле исцртани.

Градот јавно го осудил инцидентот и соопштил дека симболите биле веднаш отстранети. Пораката била јасна.

Изнесувањето на нацистички симболи во Хрватска е забрането со закон. Во зависност од околностите, делото може да биде кривично или прекршочно. Истражните дејствија продолжуваат, а полицијата го бара сторителот.

Контекстот дополнително ја вжешти јавната дебата. Неколку дена претходно, во Риека се одржале два концерта на Марко Перковиќ Томпсон. На еден од нив тој изјавил дека не е фашист ниту нацист, додавајќи оценка за комунизмот.

– Ние не сме фашисти, нацисти. Тоа е зло, но комунизмот е можеби уште поголемо зло – изјави пејачот.