
Драматичен вооружен грабеж се случи денеска на автопатот меѓу Бриндизи и Лече на југот на Италија, кога група разбојници нападна оклопно возило за транспорт на пари.
Напаѓачите блокирале сообраќај со неколку украдени автомобили и ги запалиле за да спречат интервенција. Потоа со експлозив ги разнеле задните врати на возилото и се обиделе да пристапат до касата со пари. Очевидци јавуваат дека сторителите биле тешко вооружени, вклучувајќи автоматско оружје.
Автопатот бил целосно парализиран, а по грабежот разбојниците успеале да избегаат. Полицијата започнала голема истрага и потрага по сторителите, додека автопатот бил привремено затворен.

