Skip to main content
Македонија

Гаши: Работата на Собранието продолжува и за време на протестот

09/02/2026  15:51

Собраниската седница утре ќе се одржи паралелно со протестот на ССМ. Иако влезовите за возила ќе бидат блокирани, претседателот на Собранието, Африм Гаши, очекува пратениците да најдат начин за да дојдат на работа.

„Се договоривме дека треба да продолжиме да работиме, а исто така ќе го почитуваме правото на протест. Не верувам дека некој пратеник нема да дојде пеш“, изјави Гаши.

Тој нагласи дека нема да има дополнително обезбедување на објектот, туку МВР ќе ги спроведува редовните безбедносни протоколи. Во однос на барањата за зголемување на платите, спикерот смета дека е потребно нивелирање по приоритет на функциите – од претседател на држава до наставници и доктори – за да се постигне праведно решение.