Skip to main content
Хроника

Приведени четворица кумановци, нападнале вработен во фудбалски клуб

09/02/2026  14:40

Полицијата приведе четворица кумановци кои на фудбалски натпревар нападнале вработен во фудбалски клуб.

На 08.02.2026 полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода Л.Б. (23),  М.Р. (22), А.С. (19) и К.К. (23) сите од Куманово, затоа што на стадион во с. Доброшане, кумановско, на фудбалски натпревар помеѓу  клубовите Башкими и Куманово, со тврд предмет го  нападнале Ф.Б., вработен во фудбалскиот клуб Башкими.

По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави.