
Во сообраќајна незгода во Скопје на бул ,, Партизански одреди” со тешки телесни повредени се здоби малолетник. Вчера сообраќајката се случила меѓу возило ,,мерцедес” со скопски регистрации управувано од Х.Д (25) и мопед со скопски регистрации управуван од 17 годишното лице кое е повредено.
Повредите биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски” во Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, велат од МВР.

