Skip to main content
Свет

Петкатна зграда се урна во Либан – лица заробени под урнатините

08/02/2026  18:47

Во градот Триполи на северот на Либан, петкатна станбена зграда се урна во неделата, при што непознат број луѓе останале заробени под урнатините, јавува Ројтерс, повикувајќи се на безбедносни извори.

Според извештај на Националната новинска агенција на Либан, досега спасувачите и локалните жители извлекле три лица живи од урнатините на зградата во населбата Баб ал-Табане.

Се уште нема информации дали има жртви, а локалните власти најавуваат официјален извештај откако ќе заврши расчистувањето на урнатините.