
Некои видови чаеви, кога се консумираат без шеќер, можат природно да придонесат за намалување на шеќерот во крвта благодарение на нивните антиоксидантни својства. Поради тоа, тие често се препорачуваат на лица со дијабетес или на оние кои се изложени на поголем ризик од неговата појава.
Еве преглед на чаеви чија ефикасност е потврдена со научни истражувања:
Зелен чај
Зелениот чај, кој зафаќа околу 38% од пазарот на чај, е богат со катехини. Според студија објавена во 2023 година во „Nutrition Research“, овие соединенија ја подобруваат чувствителноста на инсулин и го олеснуваат преносот на гликоза во клетките, со што помагаат во намалување на шеќерот во крвта.
Црн чај и чај од хибискус
Црниот чај, слично на зелениот, содржи катехини, додека чајот од хибискус се истакнува со антиинфламаторните својства и исто така ја подобрува чувствителноста на инсулин, покажала студија од 2011 година во „Journal of Medicinal Food“.
Чај од цимет и куркума
Студија од 2015 година во „Journal of Diabetes Research“ покажала дека чајот од цимет може да помогне во регулирање на шеќерот. Чајот од куркума, според истражување објавено во „Nutrients“ во 2019 година, не само што го намалува шеќерот, туку придонесува и за намалување на нивото на масти во крвта.
Маточина и ѓумбир
Чајот од маточина, според студија од 2018 година во „Fitoterapia Research“, помага во намалување на нивоа на одредена молекула поврзана со дијабетес тип 2. Чајот од ѓумбир, истражуван во 2025 година во „Clinical and Experimental Dental Research“, има сличен ефект – освен што го намалува шеќерот, помага и во регулирање на истата молекула.
Посебна придобивка за лица со дијабетес
Редовното консумирање на овие чаеви може да биде особено корисно за лица со дијабетес. Зелен и црн чај, според различни студии, помагаат во намалување на ризикот од развој на дијабетес тип 2, а чајевите од маточина и ѓумбир дополнително придонесуваат за подобрување на метаболичките показатели кај болните.
Со едноставна промена во секојдневните навики, внесувањето овие чаеви без шеќер може да стане природна поддршка во контрола на нивото на шеќер во крвта.

