Skip to main content
Балкан

Врзан со селотејп и однесен – Шокантни детали за драмата со Кајмакоски

08/02/2026  11:17

Белград и Срем синоќа биле сцена на драматичен инцидент каков што ретко се случува, а според пишувањата на српските медиуми, македонскиот пејач Даниел Кајмакоски бил киднапиран под закана со оружје во центарот на главниот град.

Според неофицијалните информации, драмата започнала околу 00:50 часот, откако Кајмакоски го напуштил ноќниот клуб „Лафајет“ во Бетон Хол, каде што претходно имал настап. Кога влегол во своето бело возило „Волво XC60“, му се приближило непознато лице кое со закана и употреба на сила го совладало, по што му биле врзани рацете со селотејп. Во возилото наводно влегле уште едно лице, по што киднаперите го презеле управувањето со автомобилот.

Додека се движеле низ центарот на Белград, возилото било забележано од полициска патрола, по што следела потера низ градските улици и автопатот во правец кон Шид. Според медиумските извештаи, во акцијата биле вклучени повеќе единици на српското Министерство за внатрешни работи, вклучувајќи специјални и интервентни сили.

Засега нема официјална потврда од српските власти за сите детали од случајот, ниту информации за здравствената состојба на пејачот. Се очекува надлежните институции или тимот на Кајмакоски во текот на денот да излезат со официјално соопштение кое ќе ја разјасни целата ситуација.