Skip to main content
Македонија

Кајмакоски киднапиран во Белград?

08/02/2026  09:59

Според српски медиуми, македонскиот пејач Даниел Кајмакоски синоќа околу 20.00 часот бил киднапиран во Белград.

Според написите, Кајмакоски бил врзан и насила внесен во својот автомобил.

Киднаперите наводно странски државјани, барале откуп од 20.000 евра и со возилото се упатиле кон градот Рума.

Таму тие направиле сообраќајна несреќа по што избегале а Кајмакоски останал во возилото.

Се очекуваат детали од српското МВР или од самиот Кајмакоски за целиот случај.