Skip to main content
Хроника

Битолчанец со автомобил излетал од патот

07/02/2026  15:03

На 06.02.2026 во 06:35 часот во СВР Битола е пријавено дека на патот Битола- с.Маково, патничко возило „ауди” со битолски регистарски ознаки, управувано од С.К.(58) од Битола, излетало од коловозот. По несреќата, С.К. бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.