Skip to main content
Македонија

Комшиите бодрат, нашиот премиер молчи: Олимпискиот срам на Мицкоски

07/02/2026  11:48

Четворица наши спортисти, едно македонско знаме и милиони гледачи пред ТВ. Милано–Кортина 2026 беше шанса Македонија да се појави на светска сцена не преку политички кавги, туку преку луѓе што тренирале на студ, снег и мраз за да стигнат до Олимпијада. И што добија од премиерот? Ништо. Нема статус, нема честитка, нема ни „среќно момци и девојки, цела држава е со вас“.

Ајде да погледнеме кај комшиите. Србија преку Олимпискиот комитет и државните функционери јавно ги најавува своите спортисти, објавува слики, видеа, зборува за „нашите херои“. Хрватска се фали дека ќе има двоцифрен број олимпијци и преку државни и локални канали ги претставува имињата и дисциплините. Во Косово, челниците јавно им се заблагодаруваат на скијачите, зборуваат за бурсите и камповите каде што се

подготвувале, и најавуваат дека со нови инвестиции ќе испраќаат уште повеќе спортисти во иднина.
Албанија? Таму премиерот Рама прави посебни приеми за олимпијците и медалистите, објавува видеа и фотографии и зборува дека владата има „стратегиско партнерство“ со олимпискиот комитет – јасна порака дека спортот не е хоби, туку државна работа. Кај нас, премиерот кој знае да држи големи говори по Европа и да апелира за „достоинство на Македонија“ не наоѓа две минути да напише пост за луѓето кои реално ја носат државата на грб на најголемата спортска сцена.

Ова не е ситна замерка од „вечни незадоволници“. Ова е чувство на неправда што го има секој нормален гледач: ако српските, хрватските, косовските и албанските спортисти вредат за пост и честитка од своите лидери, зошто нашите не вредат барем за едно „браво“? Ако премиерот нема време ни да ги спомне, каква порака им праќа на сите деца што денес тренираат и сонуваат еден ден да стигнат до Олимпијада во боите на Македонија? Тој молк боли повеќе од било кој пора по некоја трка – и ќе остане запаметен многу подолго од било која пи‑ар изјава.