Skip to main content
Балкан

Вучиќ: Воениот сојуз Загреб-Тирана-Приштина е насочен против српските интереси

07/02/2026  08:40

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, изрази загриженост поради, како што тврди, новоформираниот воен сојуз во регионот насочен против српските интереси

Според него, соработката меѓу Албанија, Хрватска и Косово не е само техничка, туку претставува стратешка алијанса насочена против српските интереси.

Вучиќ потенцираше дека е особено симптоматично учеството на Приштина во овој сојуз, со оглед на тоа што таа не е членка на НАТО, за разлика од Тирана и Загреб.

-Ова е воен сојуз кој е создаден за одбрана или офанзивни дејствија против одредени територии. Имаме значајни разузнавачки информации за нивните планови и правци на дејствување – нагласи Вучиќ.