Skip to main content
Свет

Србинка ќе биде првата во светски рамки која ќе ја прими руската вакцина против рак

06/02/2026  22:45

Србинката Јована Алексиќ ќе биде првата во светски рамки која ќе ја прими руската вакцина против рак. Таа има меланом, рак на кожа со метастази.

„Тоа нема да биде клиничко испитување, туку третман. Од понеделник почнуваме да ја подготвуваме вакцината за неа во Институтот „Гамалеја“. Сите вакцини се персонализирани. Одлуката да ја добиеме првата пациентка од Србија е донесена поради добрите односи со Србија. Освен неа, работиме и со други пациенти, но таа ќе биде првата во светот што ќе започне со таков вид третман“, објасни Бољевиќ, пренесоа српските медиуми.

Тој додаде дека се работи со десетина пациенти, додека за други видови рак, како што е ракот на дојка, се чека одобрение за употреба.

„Вакцината е нормално применлива во која било фаза на рак и метастази, и практично може да се користи кај сите форми на рак, но руската држава засега одлучи да работи со меланоми и рак на белите дробови“, објасни д-р Бољевиќ.

Тој изјави дека резултатите ќе бидат презентирани на конференција во Сочи на почетокот на април.

Според Бољевиќ, вакцината е ефикасна во речиси 95 проценти од случаите, а некој што, на пример, е излечен од меланом со вакцината „веќе не може да ја добие таа форма на рак“.

„Земаме податоци од клетките на заболеното ткиво, ги анализираме и создаваме лек што им овозможува на клетките на пациентот да ги препознаваат и уништуваат клетките на ракот, но не и нормалните клетки. Пациентот прима вкупно 10 дози на секои две недели, а по две или три дози може да се види дали туморот се повлекува“, додаде тој.

Бољевиќ рече дека вакцината ќе се користи првенствено кај пациенти кои ги исцрпиле сите други терапевтски опции, со цел да се докаже нејзината ефикасност, пренесоа медиумите во Србија.